Ракометарите на Вардар 1961 со победа над Сесвете од 34-29 (19-15) ја отворија новата натпреварувачка сезона во Европската лига, второто по ранг натпреварување под капата на ЕХФ. Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ понуди доминантна вардарова партија, а само во неколку наврати гостинот од Хрватска беше конкурентен. Сепак, тоа беа само „црни“ минути за тимот на Иван Чупиќ кој го надмудри поранешниот репрезентативен колега на спротивната клупа Игор Вори.




































