Романската екипа Стеауа потврди дека располага со квалитет и неслучајно заврши на петтото место во шампионатот на својата земја. Победена е екипата на Еурофарм Работник со 33-26 во меч во кој само на моменти се играше рамноправно. Избраниците на Марковски и Зарков не го повторија добриот меч од синоќа против Металург и само спорадично беа конкурентни. Така Романците водени и Георгеску ќе играат за третото место, а битолчани за петтото место на турнирот.









































