Ракометарите на Еурофарм Пелистер се радуваа на гостинска победа кај Тиквеш (25-30) во седмото коло на Суперлигата. Уморни и потрошени по дуелот со гигантот Барселона во Лигата на шампионите пелистерци допатуваа и славеа во салата „Јасмин“. Одиграа избраниците на Рубен Гарабаја колку што им беше потребно, па на крајот речиси рутински славеа во „братското“ дерби против кавадарчани.



















































