Кавадаречки Еуро Никел славеше на гости кај Вардар (68-94) во рамки на Првата лига и ја запиша четвртата победа во новата сезона од најелитното македонско кошаркарско натпреварување. Вардарци во претходната рунда дојдоа до деби-победа во овогодинешниот шампионат, ама сега немаа сила за изненадување. Избраниците на Јованчев немаа сила да се справат со високите играчи на гостите кои доминираа во рекетот и лесно поентираа. Еуро Никел го преболи болниот пораз од Работнички, па со стил им се врати на успесите.