Прв тренинг и веднаш два тренинзи. Но, нема ниту умор, ниту незадоволство кај нашата женска репрезентација пред продолжувањето на квалификациите за ЕП во Шведска. „Операцијата Шведска“ започна со комплетирање на составот на Симе Симовски и прв план како да се изненади словенечкиот тим в четврток во Марибор. Утре нова доза тренинзи, па в среда пат за Словенија по изненадување. Со овој ентузијазам и ведрина, не е невозможно и изненадување на теренот на реално посилната Словенија.