Македонската ракометна репрезентација сврти нов лист и од денес ги започна подготовките за бараж двомечот со Чешка за пласман на СП во Франција следната година. Трофејниот хрватскиот стручњак Лино Червар денес во хотелот „Александар Палас“ ги прозиваше поголемиот дел од неговиот широк избор на ракометари, а интернационалците ќе се приклучат следната недела. Огромната желна, насмевките и ентузијазмот треба да ги избришат неуспесите од Краков и Гдањск. Па, нека биде среќен новиот почеток!

































