Преку младинските репрезентации до сениорскиот национален тим Петар „Диви“ Ангелов беше еден вид дополнителна енергија за цела генерација на ракометари. Не беше секогаш прв избор, често прескокнуваше голем настан или преседуваше цел натпревар на клупата, но некогаш и 5 минути на Ангелов на голот, знаеја да го подигнат целиот тим. Затоа и покрај тоа што денес не е во преден план во нашиот национален тим, па и во Вардар целата нација чувствува празнина со неговата пензија од репрезентацијата. Кариерата и емоциите на Петар Ангелов погледнете ги низ следниот избор на фотографии.
















