Силен емоционален натпревар и борба до последната секунда го красеа мечот Полска – Македонија. Од болките и тешките гримаси по повредите на Стоилов, Миркуловски, Никола Марковски, овациите на Борко Ристовски во првиот дел, па на Шмал во продолжението, до драмата на последниот напад и воздишките на полската армија навивачи, откако приказната заврши. Сите тие емоции беа дел од третиот меѓусебен дуел на Полска и Македонија, кој за жал го добија полските ракометари.
Македонските репрезентативци по мечот со Полска