Подмладувањето и победата во Виена против Австрија беа само добра најава, но попладнево Македонија пак е поразена пред своите гледачи како и против Либан и Бугарија. Редовниот мундијалски учесник Иран на тренерскиот маг Карлос Кеироз славеше во Скопје со 1-3, покажувајќи дека е сепак поквалитетен противник. Само на моменти париравме, но поразот беше неизбежен. Само 2.000 гледачи потврдија дека нема клима за националната репрезентација и по успех и против квалитетен ривал како Иран.



































