Пелистер избори „мајсторка“ во полуфиналната серија од плејофот во Суперлигата, откако славеше против актуелниот шампион МЗТ Скопје со 81-76 и израмни на 1-1 во победи. Битолчани одиграа одличен натпревар пред својата публика и сосема заслужено изборија решавачки трет меч, кој ќе се игра во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Најефикасен кај Пелистер беше фантастичниот Џенкинс со 31 поен, а додаде и по два скока и две асистенции.



















































