„Вечното“ македонско дерби имаше нова епизода, а во него фудбалскиот клуб Вардар славеше како гостин кај Пелистер (1-2) и го продолжи патот кон трофејот во ПМФЛ. „Црвено-црните“ беа подобар ривал на теренот, имаа нешто повеќе шанси, но и домаќинот покажа нешто подобра игра од претходните натпревари и парираше. По голот на Мато пелистерци се вратија преку Петковски, но Закариќ од белата точка ги обезбеди трите бода. Натпреварот на „Петар Милошевски“ беше нов ноќен спектакл, пред две навивачки групи „Чкембари“ и „Комити“ кои имаа солидни бројки, а крајот заврши со комитско славје во Битола.



















































