Кошаркарите на Пелистер и Куманово одиграа одличен натпревар во третата рунда на Првата македонска лига. По голема борба и промени во водството мечот имаше среќен крај за пелистерци кои славеа со 88-74. Додадена вредност на оваа пресметка во „Боро Чурлевски“ беше присуството на двете навивачки групи, домашните „Чкембари“ и гостинските „Кумани“ кои со своите песни ги водеа кошаркарите.