Екипата на Тиквеш успеа да освои нови суперлигашки бодови, овој пат во соочувањето со Бутел Скопје (25-24) во меч кој се одигра во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Средбата беше израмнета, а се реши на самиот крај. По жестока битка, многу исклучувања, Бутел дојде во ситуација да шутира пенал за реми, но Узунчев го промаши целиот гол и бодовите останаа кај домаќинот, за голема радост на играчите на Грчевски и на „Лозари“.



















































