Одлично прво и нешто поскромно второ полувреме одигра младата фудбалска репрезентација на Македонија против Исланд. Во меч во кој мрежите мируваа оставивме подобар впечаток, но останува жал што не победивме против противник кој во ниту една сфера не нè надигра (0-0). Останува рекуперација и подготовка за мечот со Франција во Ле Ман. Добар резултат таму ќе ги извади планираните три од попладневниот меч во Скопје.































