Фудбалската репрезентација на Македонија ја оправда фаворитската улога и со домашна победа над Малта (2-1) ги стартува квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое во 2024 година ќе се игра во Германија. Со овој триумф, до кој се дојде во второто полувреме, „црвено-жолтите“ тргнаа успешно во нов европски циклус и воедно го продолжија позитивниот тренд против островјаните кој брои шеста победа во седмиот меѓусебен натпревар. Македонија е на врвот во групата Ц заедно со Англија која во дербито ја совлада Италија (2-1). Квалификациите за нашиот национален тим продолжуваат во јуни со домашен дуел против Украина, а во мартовскиот термин се игра пријателски натпревар против Фарски Острови.