Двете најквалитетни екипи на домашната сцена, Пелистер и МЗТ Скопје, одиграа жестоко дерби во Битола кое заврши со триумф на домашните (68-67), меч со кој се најави супер-интересна сезона во мак-баскетот и борбата за титулите. Дуелот во „Боро Чурлевски“ беше драматичен од првата до последната минута, а МЗТ промаши напад за победа.