Најголемото македонско фудбалско дерби меѓу Пелистер и Вардар (1-0) мина во знакот на историскиот натпревар во Битола под рефлектори. Атмосферата беше перфектна, со присуство на „Чкембари“ и „Комити“ и нивните песни, пиротехника и полната нова трибина. Актерите на теренот за малку не останаа должни, бидејќи голот за победа падна во 92. минута преку капитенот Мирко Ивановски. На крајот, Пелистер му се одмазди на Вардар за скопскиот пораз во првото „вечно дерби“ сезонава кое заврши на сличен начин, ама со поинаков епилог.