Од дисциплинска гледна точка Вардар и Шкендија и судискиот тим добро си ја завршија работата, но инцидентот на трибините фрли „црна дамка„ на мечот, кој го најавува плеј-офот во ПМФЛ. Вардар почна подобро, поведе, па грубо сам ѝ дозволи на Шкендија да се врати во мечот (1-1). Тој примен гол остави психолошка трага врз фудбалерите на Седлоски, кои не се вратија да доминираат во мечот и во продолжението играта ја зафати летаргија, која не можеше да донесе ништо друго освен реми. Нова средба следната недела, на истото место, но веруваме без за наши услови неизбежните инциденти.











































