Кошаркарите на МЗТ скопје ја оправдаа фаворитската улога и го исфрлија Работнички во полуфиналето на Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ со 81-76. „Штрковите“ водеа многу долго во натпреварот, ама вечниот ривал не се откажа во ниту еден момент и стигна до драма на крајот која ја загуби. Иако ова „вечно дерби“ не беше во полн сјај со две навивачки групи и без вистински „шмек“, МЗТ се пласира во ново финале, оди по одбрана на трофејот кој за нив би бил вкупно дванаесетти.