Пред полни трибини и две навивачки групи се одигра најголемото македонско ракометно дерби меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер. За разлика од претходните дербија, ова беше меч за пример. Спектакл на трибини без ниту еден инцидент, а навивачите ги задржаа провокациите во рамки на ривалството и се „надмудруваа“. На крајот, победата ја однесе Вардар 1961, а навивачите со аплауз ги поздравија и двата тима.





































