Кошаркарите на Пелистер важеа за големи фаворити во соочувањето со „ранетиот“ Работнички, но „зелено-белите“ до првата победа во новата година стигнаа по многу мака и на крилата на расположените Малешевиќ и Дејвис. Дербито на колото во Битола заврши со триумф на пелистерци од 88-85, откако отпорот на гостите од Скопје беше скршен во самиот финиш од средбата. Малешевиќ беше клучниот фактор, затоа што постигна клучна тројка, додека најпрецизен кај Пелистер беше Дејвис со 25 поени. Мирковски за овој дуел на располагање имаше десет кошаркари, од кои тројца не добија шанса за настап.













































