Почетокот на денешниот меч со Прилеп, ракометарите на Металург го отворија релативно бавно и можеше да се претпостави дека момците на Червар немаат свој ден. Но, како минутите одминуваа, екипата на Металург стана онаа казнена експедиција која ги добива сите домашни мечеви, па така беше и попладнево. Победа од 28-22 (15-10) со деби на Црногорецот Вујовиќ и одлични вибрации на младите надежи на лидерот во Супер лигата.





















