Екипата на Висла Плоцк првпат ја „освои“ Битола и покажа дека сезонава има големи аспирации во ракометната елита. Иако не одиграа свое најдобро издание, момците на Чави Сабате славеа во Битола со 25-28 и сервираа реванш за поразот минатата сезона. Без најдобриот Мелвин Ричардсон и Миха Зарабец, полскиот првак се потпре на одличниот Бергеруд на голот и одбраната која делуваше непробојно. Еурофарм Пелистер најдоброто издание го покажа со браќата Атанасијевиќ и Видомски во тимот, но немаше сили за целосен пресврт.





































