Кошаркарската репрезентација на Македонија конечно е комплетна и работи во полна сила за претквалификациите за ЕП 2021. Давитков ги собра сите кошаркари на кои ќе смета на едно место, а во стројот беше и Американецот Ричард Хендрикс за кого се очекува да биде големо засилување под обрачите. На денешниот тренинг дел од репрезентацијата беа и Бојан Крстевски, Ненад Димитријевиќ и Дамјан Стојановски кои започнаа тренинзи во полн ритам. Натпреварот против Словачка, „црвено-жолтите“ го играат на 23 ноември во Попрад од 18.00 часот.