Ракометната репрезентација на Македонија забележа прв пораз на Светското првенство, откако загуби од супер-брзата Холандија со 37-32 (18-15). Натпреварот од второто коло во „Арена Вараждин“ се одигра како да беше дома, пред над три илјади македонски навивачи. Дадовме сериозен отпор, меѓутоа брзата игра на „лалињата“ беше пресудна, а вреди да се напомене и дека ривалот шутираше дури дванаесет пенали, благодарение на спорниот судиски критериум во клучните моменти. Данската (не)правда ја видоа и од Ракометната федерација на Македонија (РФМ), од каде најавија жалба за судењето. Но, главата горе, одиме понатаму!