Одбраната на титулата одбојкарките на Јанта волеј ја започнаа со тешко гостување во Битола, каде по голема борба со 3-1 (21-25, 25-19, 25-22, 25-20) го победија тимот на Пелистер волеј. Битолскиот состав влезе амбициозно во дуелот со шампионот и имаше одлична премиера во прволигашкото друштво потврдувајќи уште на стартот дека ќе биде „тврд орев" за сите противници. Пелистер волеј го освои првиот сет, а во следните ја плати цената на неискуството.




































