Победа од 37 разлика веројатно е најдобро како можеше да помине „фенерџијата“ Бест во мечот кај првакот МЗТ Скопје. Гевгеличани без својот најдобар кошаркар Харис пак одиграа борбено, но повеќе од овој пораз не можеа. МЗТ Скопје без АБА лигата делува уште посилно од претходно и сега ќе биде уште потешко некој да ги совлада момците на Александар Јончевски. Денес во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ шампионот си поигра со Бест за победа од 89-51.

























