Екипата на Шкендија ја оствари целта и со сигурна победа кај Тиквеш (1-3) си заминува со три бода од Кавадарци. За тетовчани предводени од тренерот Артим Шаќири ова беше трета победа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) по вкупно пет одиграни кола. Во следното коло, кое на програмата е викендов, Шкендија ќе игра дома против Македонија Ѓорче Петров. Тиквеш, кој трето коло по ред е без победа, ќе гостува кај Силекс во Кратово.