Двата натпревари против Грузија, одличните ноемвриски квалификациони исходи против Финска и Швајцарија и овие два затворени теста против Чиле во Скопје ни ја покажаа смерницата за иднината на мак-ракометот. Со супер-млад тим и со многу простор за напредок лесно беше совладан учесник на Светско првенство, а Брестовац сега има појасна слика како ќе се движи нашата селекција во остатокот на 2021 и во следната 2022 година. Македонија покажа голем ентузијазам на првите два натпревари годинава.