Хипотетички на 60 минути до крајот на четвртфиналната серија на Вардар, впечаток е дека Веспрем денес се покажа како квалитетна, искусна и мудра екипа и затоа славеше со 26-29 во Скопје. Полесно и од Вараждин и со многу проблеми, тимот на Сабате дојде до посакуван ритам и подоцна до реакција во моментите кога Вардар се враќаше. Само најголемите европски екипи оваа сезона победуваат во Скопје, па по Барселона во ноември, сега Веспрем се радува во СЦ „Јане Сандански“. Потребна е ментална рекуперација за Вардар во Унгарија да покаже дека денес беше само лош ден.












































