Македонската ракометна селекција пред неколку моменти го заврши последниот тренинг во Злин пред утрешниот прв бараж дуел против Чешка за пласман на СП во Франција. Селекторот Лино Червар во салата „Еуроникс“, која е со капацитет за околу 2.000 гледачи, ги направи последните подготовки за утрешниот меч кој почнува напладне од 12.30 часот. Новиот селектор на денешниот тренинг посебен акцент стави на техничко-тактичниот дел, и воигрување на неколку различни комбинации во нападот. Здравствениот билтен во екипата е на завидно ниво, а утре непосредно пред стартот на мечот ќе се знае кој еден од 17 ракометари ќе се најде на трибините.































