Кога веќе не игра Димитар Мираковски, невозможно е Работнички да функционира како што сака Докузовски. Посебно е тешко без клучниот кошаркар против тим како Карпош Соколи, кој може да игра едно исто темпо 40 минути. По израмнети две четвртини, Казарновски и Американците го одведоа домашниот тим до финална победа од 83-72. Штета за слабата посета и за повредите кај Работнички, кои го кондиционираа мечот.