Македонскиот претставник во Европскиот куп на ЕХФ, ЖРК Чаир, доживеа висок пораз од Наиса Ниш (26-41) во првата средба во Скопје и реваншот во Ниш кој ќе се игра следната седмица ќе биде само формалност. Далеку поквалитетниот противник во СРЦ „Кале“ беше доминантен и заслужено дојде до победата. Разликата во класи на терен беше евидентна, а уште од почетокот до крајот гостинот беше тој што ја имаше предноста со тоа што Чаир даде отпор и имаше здив за едно полувреме (15-17). Реваншот во Србија е закажан на 17 октомври.