Шкупи ги потврди шампионските амбиции оваа сезона и со одличен натпревар против Вардар дојде до победата (2-0), па така по тринаесет одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се искачи на врвот. Чаирчани под водство на Жижовиќ играат одлично и се во серија од шеснаесет натпревари без пораз. Покрај Вардар, Шкупи славеше и со Работнички, не загуби и со Македонија ЃП, така што градските ривали ќе мора да поработат за да го стигнат лидерот. Удел во победата секако дека има и публиката која направи жешка атмосфера.