Кошаркарите на Чаир 2030 се радуваа на гостувањето кај Еуро Никел, откако по драма победија со 93-94. Натпреварот во салата „Јасмин“ понуди доста израмнето надигрување, а на крајот се радуваше гостинот од Скопје во продолжението. Прво имe на средбата беше Бревин Галовеј со 30 поени, додека кај домашните еден помалку уфрли Џексон Дубински.