Некогашната балканска фудбалска сила, Бугарија претпладне пристигна во Скопје и попладнево ја почувствуваа тревата на нашиот најголем стадион. Без Стојанов, но со ѕвездите Чочев и Марселињо нашиот источен сосед со 15 минути задоцнување ја почна последната тренинг сесија пред мечот со Македонија. Никој не сака да загуби, па ниту бугарската селекција, која опиена по успехот во Леириа против Роналдо и Бугарија утре ќе бидат прикриени фаворити против нашите момци.




















