Екипата на Тиквеш одигра „генералка“ пред стартот на Суперлигата и доживеа пораз (18-29) од грчкиот ракометен клуб Олимпијакос. Мечот се одигра во салата „Јасмин“ во Кавадарци, а тимот од Пиреја на овој меч беше предводен од Оливие Њокас, Елмир Граџан и Владислав Остроушко, тројцата играчи кои до пред скоро беа дел од македонскиот ракометен шампионат. Данило Брестовац ги имаше сите имиња на располагање и можеше да согледа со каков тим располага во новата средина. Тиквеш во првото коло на ракометната Суперлига игра против Еурофарм Пелистер 2, а натпреварот е закажан на 7 септември.