Брера Струмица освои злато вредни три бода на гостувањето кај Пелистер (1-2) во 27. коло на Првата македонска фудбалска лига. Струмичани стигнаа до шестата сезонска победа, многу важна во грчевитата и тесна борба за опстанок. Со головите на Мартин Ѓорѓиевски и Фахд Нзенгуе екипата на Брера поведе со два гола предност, а поразот потоа го ублажи Јованчо Трајкоски.



















































