Кошаркарската селекција на Македонија во третиот контролен натпревар воочи стартот на квалификациите за ЕП, го доживеа и вториот пораз. Вечерва во првиот натпревар од „Трофеј Македонија“, нашиот национален тим е поразен од Црна Гора (73-77). Она што беше видливо е дека нашите напади се засноваа и во најголем дел завршуваа со шут за три поени, додека мака мачевме во рекетот, како во нападот, така и во одбраната. Според ефектот, а и според играта се издвоија браќата Стојановски, кои очигледно беа премалку да се избегне поразот. Квалификациите наближуваат, а и со нив просторот за напредок во играта се намалува, а веќе следат контролни средби со уште посилни противници.









































