Македонија на натпреварот против Холандија имаше можеби рекордна посета на големите натпреварувања во последната деценија, затоа што во Вараждин трибините беа обоени во црвено-жолто. Околу три илјади Македонци дојдоа во хрватскиот град да ѝ дадат поддршка на репрезентацијата. Нашиот национален тим на овој шампионат игра во висок ритам и им парира на ривалите, а тоа го препознаа љубителите на ракометот и грмеа од трибините. Налик она првенство во 2012 година во Србија, кога во Ниш и Белград уривавме рекорди...













































