Со многу тензија која се чувствуваше во првиот битолскиот дуел на струшкиот турнир во централната фаза на второто полувреме Еурофарм Работник го скрши отпорот на Пелистер и забележа победа од 20-25 за градски престиж и за петто место на традиционалниот турнир во Струга. Младиот битолски клуб го победи традиционалниот и најави дека во Битола оваа сезона ќе биде жестоко. Мечот наместо на отворено се играше во спортскиот центар „Тими“, каде љубителите на ракометот видоа борбени 60 минути и веројатно меч кој нема ништо пријателско во себе
































