Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа нерешени 29-29 со Фредериција во рамките на осмото коло на Лигата на шампионите. Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола беше драматичен и израмнет до самиот крај, а домаќините имаат за што да жалат. Можеше Раул Алонсо да дебитира со европска победа на клупата на македонскиот првак, но неговите избраници не реализираа два напади во последната минута. Сепак, Шпанецот позитивно се промовира пред битолската публика и по само три дена по преземањето на тимот, играта беше солидна.