Преселбата во Келн не донесе ништо ново за репрезентацијата на Македонија. Русите ни го нанесоа четвртиот пораз во низа на Мундијалот, кој ќе ни донесе борба за 15-то место. Натпреварот наликуваше на пријателски судир на две селекции кои не успаја да ги исполнат првичните замисли пред почетокот на светскиот собир. Утре на програмата е последниот настап на репрезентативците кој ќе го одреди конечниот пласман на нашиот шести мундијалски настап.