Екипата на Еурофарм Пелистер позитивно реагираше на шок-терапијата и тренерската смена, затоа што успеа да слави можеби во најважниот меч на домашната сцена оваа сезона, против големиот ривал Вардар 1961 (28-23). Пелистерци така станаа првиот тим кој ги поразија црвено-црните оваа сезона и останаа во игра за титулата. Секој останат резултат ќе значеше голем чекор назад во битката за титула. Звонко Шундовски имаше успешен кам-бек на клупата, а МВП на мечот дефинтивно беше голманот Саид Хаидаридад кој блесна на голот и беше блок за Вардар 1961 на овој меч. Идентична партија овој голман имаше и на пријателскиот турнир во Охрид кој се одигра пред оваа сезона.



















































