Ниту најголемите оптимисти при изградбата на новиот проект не веруваа дека овој нов Пелистер ќе биде вака моќен и доминантен. Во градот на ракометот и фудбалот, една друга екипа немилосрдно „гази“. „Мозаикот“ на Марјан Илиевски го понижи големиот Работнички среде Скопје и повеќе моќ и стравопичит носи начинот на кој стигна до победата од 81-105, отколку впишаните бодови. Следна мисија е да се смири ентузијазмот во спортска Битола, бидејќи овие шест од шест будат нешто големо кај „Чкембарите“, а растат апетитите и на кошаркарите и приврзаниците.