Стартот на „Трофејот Македонија“ 40 минути мина во знакот на белгиската кошаркарска репрезентација. Некогаш беа топовска храна, а сега се искусна селекција која знае да одговори на секој предизвик. Де Зеув и соиграчите ги доминираа Босанците во текот на целиот натпревар и заслужено се радуваа со 67-73. Ова издание кое го виде со свои очи и нашиот селектор Раца, треба да биде сериозна опомена за нашите кошаркари пред дуелот со Белгијците утревечер од 20.30 часот.













































