Освојувачот на фудбалскиот Куп на Македонија, екипата на Македонија Ѓорче Петров, ќе игра во второто квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА. На ден пред дуелот, Муарем Бајрами го одржа последниот тренинг во пресрет на првиот натпревар со ЦСКА Софија, ги подели советите и ги подготви „лавовите“ за најголемиот предизвик оваа сезона. Македонија Ѓорче Петров ќе ја дочека ЦСКА Софија на теренот „Петар Милошевски“ во Скопје, а потоа за седум дена гостува во Бугарија.