Фудбалерите на Тиквеш го совладаа Вардар (1-0), во рамките на седмото коло на Првата македонска фудбалска лига. Кавадарчани ставија крај на лошата серија, нанесувајќи му пораз на повратникот во елитата. Од фудбалски аспект, натпреварот можеше да понуди многу повеќе од неколкуте изгледни шанси во второто полувреме. Сепак, од навивачки агол со присуството на „Лозари“ и „Комити“ како и нивните бројни пароли и пиротехника, добро го зачинија натпреварот кој беше претставен како дерби на колото.