Екипата на Тиквеш продолжува со одличните партии во плеј-офот во Суперлигата. Данило Брестовац успеа да ја склопи сложувалката и неговите пулени играат атрактивен и модерен ракомет, кој веќе почна да носи резултати. Тоа го почувствуаа и кавадарчани и даваат сè поголема поддршка. Вечерва атмосферата во салата „Јасмин“ беше за мерак, а домашните ракометари возвратија со важна победа над Еурофарм Пелистер 2, втора во плај-офот на свој терен (30-26).