Еурофарм Пелистер ја забележа третата победа во Регионалната ракометна лига, откако во натпреварот од групата А во Битола убедливо ја совлада Дубочица со 38-24. Во „Боро Чурлевски“ гостите имаа одличен почеток, ама уште во првиот дел пелистерци се наметнаа. Водени од расположениот Петар Атанасијевиќ кој го заврши мечот со 11 погодоци и капитенот Филип Кузмановски кој придонесе со осум, на крајот тимот на Лино Червар се радуваше на победата. Со овој триумф Еурофарм Пелистер успешно го заокружи овој круг од три меча кои ги одигра дома, откако претходно ги победи Партизан и Ловќен.


















































